Sunday, January 26, 2025

Новогодишни концерти за најмалите

 На 16 и 17 декември 2024 година учениците од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“- Крива Паланка приредија незаборавни новогодишни концерти за најмалите во детската градинка „Детелинка“ и нејзините клонови.

Со мајсторска изведба на класична, современа и народна музика, младите музичари ја приближија уметноста до детската публика, внесувајќи радост и празничен дух. Децата од градинката возвратија со искрени насмевки и громогласни аплаузи, создавајќи топла и весела атмосфера.

Покрај музичките настапи, учениците рецитираа новогодишна поезија и читаа празнични честитки, збогатувајќи ја програмата и внесувајќи дополнителна магија во настанот.

Посебна благодарност им се упатува на сите ученици учесници и нивните посветени професори: Лариса Жулина-Митовски, Сања Петровска и Марјан Бошковски, кои со својот труд и ентузијазам придонесоа за успешна реализација на овој новогодишен проект.

Прво место за училишниот оркестар на меѓународен фестивал во Банско

 


Учениците од училишниот оркестар постигнаа извонреден успех на Меѓународниот уметнички фестивал „Утринска Ѕвезда“, кој се одржа на 27.11.2024 година во Банско, Бугарија. Настанот обедини учесници од седум земји (Македонија, Индонезија, Грција, Турција, Украина, Бугарија и Молдавија), а младите таленти од нашето училиште ја претставија Општината на најдобар можен начин.

Во меѓународна конкуренција, оркестарот под раководство на проф. Лариса Жулина-Митовски освои прво место.

„Горда сум на нашите ученици кои, со својот труд и посветеност, покажаа дека се подготвени да се натпреваруваат на највисоко ниво. Нивните успеси се доказ за нивниот талент, но и за важноста на уметничкото образование како дел од нивниот личен и професионален развој,“ изјави проф. Лариса Жулина-Митовски, менторка на младите музичари.

Фестивалот „Утринска Ѕвезда“ претставува значаен настан кој обединува млади таленти од различни култури и нации, а учениците од Крива Паланка со своите настапи покажаа дека се вистински амбасадори на македонската музичка уметност.

Успесите на овие млади уметници се уште еден поттик за општината да продолжи да го негува талентот и да создава услови за нивен понатамошен развој.



Thursday, June 13, 2024

Отварање на изложбата “Крешендо на канвас: Од апстракција до реалност”

 


 

Уметничката изложба на млади таленти “Крешендо на канвас: Од апстракција  до реалност” е разултат на малата ликовна колонија на Europe House Крива Паланка на која младите таленти твореа под менторство на уметник и професор по уметност 🎨Роберт Цветковски, дел од програмата за Денот на уметноста 2024.

Изложбата беше збогатена со пијано концерт на Ева Николова во класата на професорката 🎼Лариса Жулина Митовски.

 








 




Wednesday, May 29, 2024

 

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ

На 23 мај 2024 година на Свечена академија во организација на Општина Крива Паланка, беа прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава од општинските основни и средно училиште, како и најдобрите ученици на генерација.









 

Прво место за  оркестарот на државниот натпревар

Прво место за  училишниот оркестар при  ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка на државниот натпревар.

На државниот натпревар за училишни хорови и оркестри, кој се одржа во организација на Здружението на музички педагози од Македонија (ЗМП) на 11.05.2024 година во Скопје, оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка  под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски го освои првото место. Учениците од училишниот оркестар секоја година освојуваат први места и високи признанија во областа на оркестарот и инструменталната музика. Нивната посветена работа и љубовта кон музиката не остануваат непрепознаени и секогаш, без исклучок, се наградени!

Честитки за сите учесници на оркестарот и нека продолжат да ја шират љубовта низ звуците на музиката.



 

Две први места на Регионалниот натпревар по музичко образование

Учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка  под менторство на професорката  Лариса Жулина-Митовски учествуваа на регионалниот натпревар по музичко образование во категоријата по предметот оркестар и во категоријата вокална интерпретација.

Oсвоија две први места! Училишниот оркестар го освои 1-то место со 98 поени и ученичката Нина Николовска од VIII одделение во категоријата вокална интерпретација го освои 1-то место со 96 поени.
Натпреварувањето училишниот оркестар ќе го продолжи на државниот натпревар кој ќе се одржи на 11 мај 2024 година во основното училиште „Јохан Хајнриј Песталоци“ во Скопје, а учениците во категоријата вокална интерпретација ќе се натпреваруваат на 15 мај во Кино салата на Центарот за култура во Прилеп. Им посакуваме многу успех и во иднина!
Натпреварот го организираше Здружението на музички педагози на Република С.Македонија.





Критериуми за оценување за хор, оркестар, ансамбли и солисти:

Вкупно 100 поени.
• избор на репертоар
• ритам
• став и изглед при настап
• интонација
• интерпретација на стил, агогика и динамика

Сите учесници ќе добијат дипломи и пригодни награди според постигнатите резултати:

до 60 поени – Диплома за учество

од 61 до 75 поени – Трета награда

од 76 до 90 поени – Втора награда

од 91 – 100 поени – Прва награда

Според Лариса Жулина-Митовски, наставник по музичко образование, овој натпревар ја прикажува работата и постигнувањата на музички план во основните и средните училишта во сите региони, ја подобрува комуникацијата и дружењето меѓу учениците и ја засилува љубовта кон музиката кај младите воопшто. Учениците имаат можност да ги покажат своите вештини и да развиваат своите таленти.




 

Три први награди на XII Meѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

На 27 март 2024 година младите талентирани музичари од Крива Паланка учествуваа на XII Meѓународен натпревар за камерна музика во организациjа на ООМБУ ,,Лазо Мицев – Рале” – Кавадарци, под покровителство на Општина Кавадарци и поддржан од Министерството за Култура и Министерството за образование и наука.
Учесниците од Крива Паланка ги покажаа своите знаења во две категории, со своите изведби оставија незаборавен впечаток кај жири – комисиjата и се закитија со три први награди.

Во категориjата ,,четирирачно пиjано” Матеј и Меглена Георгиеви од класата на наставник Лариса Жулина-Митовски освоија прва награда (97,2 бодови). Во категориjата „камерни оркестри“ училишниот оркестар при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка освои прва награда (99 бодови) и оркестарот при НУ Центар за култура Крива Паланка освои прва награда (97.3 бодови).

-Честитки до моите ученици кои освоија први награди на меѓународниот натпревар по камерна музика-КМК. Горда сум на вас и ви посакувам во иднина безброј вакви награди и успеси! Овие натпревари создаваат платформа за размена на идеи и искуства меѓу младите музичари, го поддржуваат нивниот креативен развој и го поттикнуваат интересот за камерната музика. Секоја изведба на натпреварот е прилика за изразување на индивидуалноста на учесниците, како и за споделување на своите емоции и интерпретации со публиката.
Камерната музика претставува важен дел од класичната музичка традиција и култура, па натпреварите по камерна музика допринесуваат за нејзиното зачувување и прославување. Овие настани имаат значајна улога во поддршката на младите музичари и развој како професионални уметници во областа на класичната музика, порача професорката Лариса Жулина Митовски.

Со ова, натпреварите по камерна музика имаат за цел да ги вовлечат учесниците во високо квалитетни музички изведби, да ги образоваат и воспитаат во уметноста на камерната музика, и да ја прослават и почитуваат нејзината значајна улога во музичката сцена и културата во целост.
Цели и задачи натпреварот по камерна музика се:
рангирање според постигањата на учениците;
откривање на талентирани ученици
размена на педагошко искуство

Monday, December 4, 2023

ПРВО МЕСТО НА XXXVIII МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА УМЕТНОСТИ „УТРИНСКА ЅВЕЗДА“-2023

 Прво место за младите инструменталисти од кривопаланечкиот оркестар при НУ Центар за култура Крива Паланка на Меѓународниот фестивал “Утринска ѕвезда” во Банско во соседна Бугарија.

На 38. Меѓународен фестивал „Morning Star“ во Банско, Република Бугарија, младите инструменталисти на кривопаланечкиот оркестар при НУ Центар за култура – Крива Паланка, во голема конкуренција, го освоија првото место во категоријата инструментална музика. 


Фестивалот во Банско траеше пет дена, а на него својот уметнички талент во осум категории го презентираа околу 2.500 млади од повеќе земји, како Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Шпанија…

– Целта на учeството на нашите млади таленти на Меѓународниот фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда 2023“ во Бугарија е промовирање на македонската култура и афирмација на македонската држава на меѓународно поле, како и поттикнување и создавање на чувство на одговорност и дружење со децата од другите европски држави. Фестивалот има идеа да ја поттикне креативноста кај младата популација, но и да ја продлабочи дружбата помеѓу младите од различни држави и да им овозможи понатамошни средби, соработка и контакти, размена на креативни искуства.




Wednesday, June 1, 2022

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР НА КЛАСИЧНА МУЗИКА „АРТ ИН КАВАДАРЦИ 2022“

Во организација на здружението „Арт ин орг“ на 28 мај 2022 година се одржа Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадрци 2022“,  учениците од  ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка ги освоија следните награди:

Дарија Пешовска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;
Теодор Смиљков, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ПРВОТО МЕСТО;
Сара Стојановска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО

„Арт ин Кавадарци 2022“ го следи домашно и меѓународно жири од искусни музичари и педагози.











ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ – КРИВА ПАЛАНКА СО ПРВА НАГРАДА НА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ 2022″ ВО ШТИП

На 9 мај годинава ученичката Миа Тренчовска од музичката паралелка од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски успешно настапи на третиот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов 2022″ во Штип и освои прва награда во дисциплината пијано (соло).

Фестивалот на млади талентирани музичари е со натпреварувачки карактер и е организиран од страна на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, со поддршка на Министерство за култура.

Фестивалот беше реализиран со физичко присуство на повеќе локации во градот, а истовремено беше  вклучена  и опцијата за онлајн натпреварувачи.

Натпреварувањето беше организирано од  професионален тим, а  комисиите за избор на победниците беа составени од реномирани професори.




Tuesday, March 29, 2022



Одбележување на „Ден на пијаното“ 

во Скопје

Ден на пијаното е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното. Нашите ученици Леон Јанковски и Теодор Смиљков од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски со прекрасен музички перформанс  успешно го претставија нашето училиште на концертот во Скопје кој се одржа по повод Светскиот ден на пијаното во Културно-информативниот центар во Салон „19:19“, со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат се изведени во земјава. Настанот се одбележува по шести пат кај нас, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. 






Во кривопалнечкото училиште „Јоаким Крчовски“ одбележан Светскиот ден на пијаното



Пијанистите од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски денеска го одбележаа 29.март – меѓународниот ден на пијаното.

Околу 150 ученици од 1-4 одделение, поделени во групи поради ковид-протоколите, уживаа во звуците на пијаното.

„Ден на пијано“ или ден во чест на „кралот на музичките инструменти“ е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното.

Се чествува, како што нотира германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам, еден од основачите на идејата, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни, слушателите”.

Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, откривњето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното, со цел славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници, сплотен со радоста и убавината која ја носат и другите уметности.

Monday, February 14, 2022

МЛАДИТЕ МУЗИЧКИ АМБАСАДОРИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ


Младите пијанисти од Крива Паланка постигнаа нов меѓународен успех освојувајќи пет први награди на реномираниот Meѓународен натпревар „Golden piano talents“, организиран од Меѓународната асоцијација за културен развој и образование. Во конкуренција на 360 кандидати од 50 земји од сите континенти на светот, меѓу најдобите музички амбасадори од нашата земја се најдоа  Сара Стојановска, Леон Јанковски, Ева Николова, Војдан Стаменковски и Теодор Смиљков, кои свират на пијано под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски. 

„Освоените награди се уште една потврда за талентот, амбиција и посветеноста на младите македонски музички таленти. Учеството и наградите на фестивали и конкурси ги поттикнува да продолжат да работат со со уште поголем интезитет и да постигнуваат се поголеми успеси“, вели наставник-ментор Жулина-Митовски.

Meѓународен натпревар „Golden piano talents“ промовира висок квалитет на музички изведби од целиот свет. Целта на организацијата е да одржи највисоко меѓународно професионално ниво, да ги инспирира пијанистите и публиката, да обезбеди платформа за прикажување извонредни пијанисти од целиот свет и да помогне во развојот на нивните кариери.

Секоја пролет, победниците од сите категории ќе бидат поканети да настапат на Големиот свечен концерт во некој од европските градови. Тимот на Меѓународната асоцијација за културен развој и образование одлучи да го организира првиот Голем церемонијален концерт во Република Северна Македонија, во мај 2022 година, кој ќе биде дел од Фестивалот на пијано „Golden Piano Festival“ – Република Северна Македонија.








GOLDEN PIANO TALENTS COMPETITION автор: Larisa Mitovski

Sunday, January 16, 2022

Се одржа традиционален новогодишен концерт во ООУ „Јоаким Крчовски

Учениците од кривопаланечкото основно училиште „Јоаким Крчовски“, членови на музичката паралелка, минатата недела го одржаа традиционалниот новогодишен концерт кој несомнено беше вистинско предпразнично уживање за публиката.
На програмата беа изведени дела од Ј.С.Бах, Г.Ф.Хендел, В.А.Моцарт, Д.Кабалевски, А.Вивалди, македонски автори и македонска народна музика.
Настапија ученици од класите по пијано и хармоника.
Концертот започна со настапот на хорот, а на крајот се претстави и училишниот оркестар.
Во согласност со сите протоколи, во предновогодишна атмосфера, концертот се одржа во училишната сала Атриум.
Публиката беше воодушевена од концертот, со аплауз ги награди сите учесници и истакна дека постигнувањата се резултат на посветеноста на наставниците и раководството на училиштето, како и на големиот труд и талент на учениците.


НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ автор: Larisa Mitovski

Новогодишен концерт за првачиња

Новогодишниот концерт секогаш е посебен бидејќи е резултат на здружениот труд на наставничкиот тим, од една страна, и на учениците поддржани од своите родители. Погледнете само дел од атмосферата на Новогодишниот концерт за првачињата и учениците од трето и четврто одделение. Навистина прекрасен начин да се заврши полугодието. Ви пожелуваме среќни Новогодишни празници и среќен Божиќ!




Новогодишен концерт за првачиња автор: Larisa Mitovski

Monday, December 20, 2021

Проф. Жулина-Митовски добитничка на награда за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија




Ревијален концерт на Меглена и Матеј Георгиевски се одржа во EU House во Крива Паланка

РЕВИЈАЛЕН КОНЦЕРТ НА МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ МЕГЛЕНА И МАТЕЈ ГЕОРГИЕВИ автор: Larisa Mitovski

Thursday, October 14, 2021

 Проф. Жулина Митовски од Крива Паланка е „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година


Професорката по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, Лариса Жулина Митовски, е добитник на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година, кое го доделува Сојузот на просветни работници, по повод Светскиот ден на учителите и наставниците - 5-ти Октомври.

Таа е меѓу 11-те најдобри наставници, професори и воспитувачи од основните и средни училишта, како и од градинките, кои се добитници на плакета и признание за посветената работа и благородната мисија во унапредувањето на воспитувањето-образовниот процес во државата. 

Жулина Митовски е еден од двајцата професори во државата кои го добиваат признанието во категоријата предметна настава.

 

„Ова престижно признание има големо значење за мене како педагог и професор, кој пронаоѓа сатисфакција во успехот на учениците. Но, исто така, вреднувањето на мојот труд ме мотивира и понатаму да продолжам активно да работам, да ги едуцирам и да ја развивам креативноста кај младите. Пред се, да им ја пренесам љубовта кон музиката, да ги откријам и развијам нивните таленти и да ги насочам да бидат успешни личности, истакна Лариса Жулина Митовски во своето обраќање на доделувањето на наградите во Сојузот на просветни работници во Скопје.

 

 


Жулина Митовски пред неколку години беше прогласена и за најдобар просветен работник во Крива Паланка, а за својата работа досега има добиено бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Исто така и нејзините ученици се секогаш меѓу најдобрите и најнаградуваните.

Tuesday, April 13, 2021

 

Малите пијанисти од Крива Паланка успешно се претставија на „Ден на пијаното – Скопје 2021“



Малите пијанисти од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски викендов се закитија со дипломи за учество на реномираниот настан по повод Mеѓународниот ден на пијаното.
Годинава одбележувањето на „Ден на пијаното“ беше во Културно-информативниот центар во Скопје во  „Салонот 19:19“, со промоција на современи автори за пијано.
Во рамки на концертот „Звуците на класиката – прв дел” – Промоција на пиеси од пијанистичката збирка „Eureka” од американскиот композитор Christopher Oill и англискиот композитор Елена Девис од класата на професорката Жулина-Митовски се претставија Миа Тренчoвска, Меглена и Матеј Георгиеви.

 








КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ МЛАДИ ПИЈАНИСТИ НАГРАДЕНИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО УКРАИНА


Учениците од музичката паралелка на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ , Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија две гран–при, четири први и две втори награди во различни возрасни категории на Интернационалниот онлајн музички натпревар „Soul“, одржан онлајн во Украина.

Настапите ги оценуваше интернационална  жири-комисија од реномирани професори и пијанисти од САД, Турција, Украина, Узбекистан, Палестина, Швајцарија и Холандија.

-Натпреварот е во организација на Меѓународната добротворна фондација „Сонјашњук“, Украина. Овие успеси на нашите млади музичари се од големо значење за нашето училиште и за поттикнување на младите таленти да свират пијано и да ја изучуваат музичката теорија. Им честитам на наградените и посакувам да продолжат понатаму во нижењето успеси и во претставувањето на училиштето и на општината, изјави Жулина- Митовски.