Предмет: пијано

Прва награда со максимални 100 бодови за Меглена Георгиева

На ден 04.04.2024 година се одржа  регионален натпревар  за учениците во основното музичко образование, организиран од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ.

На натпреварот по предметот пијано од нашето училиште учествуваше ученичка од V одделение Меглена Георгиева од класата на професор Лариса Жулина-Митовски.

На регионалниот натпревар Меглена Георгиева освои прва награда, со максимални 100 бодови и продолжува на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 25 април 2024 година во Битола.

 На Меглена и посакуваме голем успех на државниот натпревар!

Програмите за натпреварот за основно музичко образование за 2024 година се објавени на следниот линк.

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во Правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на учениците во основното музичко образование.










 
4 родителска средба by Larisa Mitovski
РЕВИЈАЛЕН КОНЦЕРТ НА ЕВА НИКОЛОВА by Larisa Mitovski

Принт ноти

Добив донација-дигитално пијано кое е донирано за мојата идна успешна педагошка работа и идни успеси на моите ученици






Прво место за Ева Николова и 

за Уна Златановска на Меѓународен фестивал во Бугарија

На 38. Меѓународен фестивал „Morning Star“ во Банско, Република Бугарија, младите инструменталисти на кривопаланечкиот оркестар при НУ Центар за култура – Крива Паланка, во голема конкуренција, го освоија првото место во категоријата инструментална музика. Покрај оркестарот, на фестивалот во истата категорија, македонски преставници беа петгодишната Уна Златановска (која го освои прво место) и Ева Николова (која исто така беше првопласирана во нејзината возрасна категорија 15 – 18 години).



Во Штип се одржа Фестивалот за млади пијанисти „Golden Piano Talents“

Грандиозната акустична сала Безистен во Штип беше преполна кога викендов се одржа фестивалот за млади пијанистички таленти – Golden Piano Talents, на кој настапија 36 пијанисти од Израел, Монголија, Италија, Полска, Чешка, Германија, Шпанија, Турција, Србија, Холандија и Македонија Извонредно беспрекорни и несекојдневни изведби, огромна радост, ентузијазам, емоции, креативност, насмеани лица и пријателство ја исполнија салата кога тие млади музичари свиреа и славеа заедно. Тоа беше уникатен приказ на различноста на музичката култура и секако доказ дека музиката ги обединува луѓето - убедливо важна порака во вакви времиња. Пијанистите направија неверојатно прекрасна атмосфера свирејќи 8 рецитали, концерт на Македонските пијанисти и големиот свечен концерт на кој на пијанистите и на нивните наставници им беа доделени парични награди, плакети, медали и подароци. Штип беше светски центар на класичната музика.
Пијанистите кои настапија на фестивалот беа избрани претходно на натпреварот Golden Piano Talents, на кој беа оценувани од 9-члено стручно жири, составено од познати светски пијанисти и педагози по пијано: Џулијано Адорно – Италија, Екатерина Георг.-Ледфорд – Америка, Ирина Новикова – Русија/Тајланд, Јекатерина Ростовтсева – Естонија, Нативидад Баларин – Шпанија, Драгомир Братиќ – Србија, Александра Радосављевиќ – Босна, Леа Маркович – Шантек – Хрватска и Марија Максимова – Македонија. За Лауреати беа прогласени Јан Шулсмајстер од Чешка и Матиас Антонио Главинич од Италија. На фестивалот Golden Piano Talents 2023 настапија неколку од победниците во сите категории и дисциплини.
Честитки до сите нив и нивните посветени педагози по пијано. Беше вистинска чест и задоволство да се слушнат во живо овие прекрасни пијанисти: Антониа де Пасквале – Италија, Рубен Русо – Германија/Шпанија, Мар Санчез Доменек – Шпанија/Холандија, Шани Капелушник – Израел, Јоана Маја Јасновска – Полска, Максимилијан Маницки – Полска, Адриан Теран – Шпанија, Валентина Вознук – Чешка, Владислав Вознук – Чешка, Уранлкхам Бат Ердене – Монголија, Алекса Вељковиќ – Србија, Сендер Ган-Ердене – Монголија, Гунџ Тенсгиболд – Монголија, Кхонгорзул Батсенгел – Монголија, Нилда Алтуг – Турција, триото Лејла Сијарич/Ина Даи/Анастасиа Габа-Дови – Германија и нашиот млад пијанист Стефан Ончев кој освои максимум бодови во својата категорија. На концертот на Македонски млади пијанисти настапија: Елиза Николоски, Нела Гегова, Александар Карапанџов, Софија Патраклиска, Веда Цонева, Тамара Ушинова, Сара Андев, Јован Цветанов, Кристина и Софија Ангелови, Теодор Смиљков, Софија Петковска,Теодор Прошев, Гала Булатовиќ, Дора Пајдакова, Јулијана Јанев и Златица Лазарова.
На свечениот концерт беа доделени медали и плакети на заслужни наставници на пијанистите кои се настапија на Фестивалот Golden Piano Talents. Добитници се: проф. Д-р Анна Јасновска од Полска, проф. Далаисетсег Нуамбалаи и проф. Мунктуја Батмункх од Монголија, проф. Инна Ташкалова од Германија, а оваа година за прв пат беше доделена и специјалната награда „Ирена Спасикова“ за посебно посветување, успеси и достигнувања во педагогијата по пијано, која беше доделена во рацете на проф. Тсенгелмаа Тумуркхаан од Монголија. Честитки за сите нив!
Посебна благодарност до Меѓународното здружение за културен развој и едукација - Арт Фест која го организираше овој уникатен настан и на Општина Штип и градоначалникот М-р Иван Јорданов кои секогаш ги поддржуваат културните настани, ЕАМ - маици, Метомакс фотографија, Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, вода „Јана“, “Rauch” , Почесниот конзул на Монголија – Г-дин Летив Намдаг Јанчивин, НУ Завод И Музеј, ДМУЦ Сергеј Михајлов - Штип. Дом на култура, хотел Парк и „Нана“. Благодарност и до медиумите "Штипски глас", vostip.mk, "Исток прес", телевизиите Мнет и Тв Стар и Канал 77 и Angels FM
♥️Реакциите на Фестивалот се повеќе од фантастични и стигнуваат од сите страни на светот. Ви благодариме на поддршката и ќе работиме на идејата Штип да биде светски подиум на млади пијанисти кој ќе ги мотивира и инспирира во нивната понатамошна работа.






НОВИ ВИСОКИ НАГРАДИ НА  МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „ART IN

На Меѓународниот натпревар за класична музика „ART IN“ учениците од ООУ „Св.Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на професорката  Лариса Жулина-Митовски повторно  освоија високи награди. Натпреварот се одржа во Кавадраци од 26 до 28 мај 2023 година.

Училишниот оркестар доби Меѓународна специјална награда со освоени максимални 100 поени и како најдобар оркестар е поканет на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер “All colours of Art”-2023, кој ќе се одржи во Римини, Италија од 26 до 28 октомври 2023 година.

Пијанистот Теодор Смиљков (9 одделение) ја освои II награда со 88,3 поени.

-Наградите се потврда за постигнувањата на моите ученици и поттикнување да продолжат да се стремат кон нови успеси. Тие стануваат стимул за продолжување на работата и за достигнување во своите уметнички желби и амбиции, рече Жулина-Митовски.

Организатори на натпреварот се: Лазо Атанасов – аранжер, композитор, естраден уметник, наставник по виолина во ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ – Кавадарци и д-р Екатерина Михељкис – хорски диригент, професор на „Академија Смилевски“, наставник во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

Честитки за постигнатиот успех на Меѓународниот натпревар по класична музика “ART IN” и голема благодарност за вложениот труд до менторот Лариса Жулина-Митовски!

После натпреварот учениците посетија археолошкиот локалитет Стоби-музеј под отворено небо. Водичот ги запозна нашите љубопитни ученици со древните приказни од локалитетот Стоби.

Голема благодорност за поддршката до родителите на младите музичари и до Општина Крива Паланка за обезбеден превоз до Кавадарци.


ТРЕТО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПИЈАНО

Матеј Георгиев ученик во петто одделение од класата на професорката по пијано Лариса Жулина-Митовски доби трето место на Државниот натпревар за ученици во основно музичко образование, што се одржа во Битола. Исто така, учениците Меглена Георгиева од четврто одделение и Михаил Митовски од седмо одделение добија пофалници.
Според  професорката Лариса, нејзините ученици со голема волја, желба  и посветеност работеа во текот на целата година за сега да постигнат забележителни резултати.
-Наградите  се должат на нивната трудољубивост, посветеност и заедничка соработка  на часовите по виолина, рече професорката Жулина-Митовски.
Натпреварот кој е во организација на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ се одржа на 17-18 мај  во  КИЦ - Офицерскиот дом во Битола, каде децата пред жири комисијата се претставија со дела од Ј.С.Бах , Л.Иваненко, Тимоти Браун, Денис Алеџандер, Јохан Пахелбел, Рандал Хартсел.









Втора награда за Теодор Смиљков на меѓународен пијано-натпревар во Србија

На меѓународниот натпревар за млади пијанисти “Стеван Мокрањац”, кој викендов се одржа во Врање – Србија, во конкуренција од 17 кандидати, нашиот пијанист Теодор Смиљковја освои втората награда.

На натпреварот учествуваа кандидати од повеќе градови од Македонија, Србија и Бугарија, а Теодор беше единствениот претставник од Крива Паланка.

Теодор Смиљков е ученик во деветто одделение во ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка во класата  на проф. Лариса Жулина-Митовски. Неодамна  го освои  првото место на престижниот Меѓународен натпревар „Golden piano talents“.







РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 2023

На  5 мај во Државниот музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски - Луј“ – Скопје  се одржа регионалниот натпревар за учениците во основното музичко образование 2023 година, организиран од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ.
Под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски нејзините ученици ги освоија следните резултати: 

Матеј Георгиев– прва награда (100 бодови) 
Меглена Георгиева - прва награда (99 бодови) 
Михаил Митовски - прва награда (98.67 бодови)
Добитниците на прва и втора награда продолжуваат  на државен натпревар. Им посакуваме успех! 

Програмите за натпреварот за основно музичко образование за 2023 година се објавени на следниот линк







Млади пијанисти од Крива Паланка со први награди на Меѓународeн натпревар




Младите пијанистиМихаил Митовски, Сара Стојановска, Леон Јанковски и Теодор Смиљков со својатавиртуозна изведна освоија први награди на овој светски натпревар, кој е еден однајпрестижните и најголемите натпревари по пијано со огромен број на натпреварувачиод повеќе од 50 земји од сите континенти во светот.

„Овие големи постигнувања се доказ дека нашите млади пијанисти успешно се носат со конкуренцијата на светско ниво. Нема поубаво чувство од тоа кога гледате како вашите ученици редат вакви успеси и си го трасираат патот кон успехот. Тоа ме прави особено горда и се повеќе ме мотивира да вложуваме заеднички труд со моите ученици, да ги надминуваме границите и да ја промовираме музиката и младите таленти низ целиот свет“, вели професорката Лариса Жулина-Митовски која исто така доби награда за наставник со одлични педагошки постигнувања на „Golden piano talents competiton“.

Натпреварот привлече пијанисти во сите возрасни категории од Калифорнија, Кина, Австралија, Грузија, САД, Хонг Конг, Малезија, Канада, Тајланд, Индонезија, Сингапур, Тајван, Монголија, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Европа и Балканот. Пијанистите се натпреваруваа во повеќе дисциплин: пијано професионална дисциплина за класична музика, камерна музика, популарна музика, концерт со оркестар, ученик - ментор (дуо) и дисциплина за љубители на пијаното.

 

Победниците со над 98 бодови од секоја категорија ќе бидат поканети да настапат во живо во Штип на GOLDEN PIANO TALENTS FESTIVAL во септември каде што ќе бидат доделени плакети, медали, сертификати, како и парични награди на лауреатот на целиот натпревар и на најуспешниот ментор. Фестивалот ќе се одржи во акустична сала Безистен во Штип.






















Новогодишен концерт во 

Europe House Крива Паланка




По повод новогодишните празници учениците од нашето училиште го одржаа традиционалниот новогодишен концерт во Europe House Крива Паланка. На концертот настапија учениците од класите по пијано и хармоника со соло точки, како и училшниот хор и оркестар На програмата беа изведени  дела од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Шопен, Штраус и многу други автори, изведени на пијано и хармоника. Исто така со своите перформанси се претставија училишниот хор и оркестар. Концертот  се одржа на 26.12.2022 година во Europe House Крива Паланка, со почетокот во 15 часот. Атмосферата од концертот може да ја погледнете на следниов ЛИНК.











Свирењето на инструмент  ја зголемува самодовербата










Нашите ученици по пијано се првонаградени на првиот интернационален пијано

 фестивал во Штип




Младите пијанисти од Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија неколку први награди на првиот интернационален пијано фестивал во Штип, а талентираниот Теодор Смиљков како прворангиран учествуваше и на концертно претставување на втората фестивалска вечер. -Чест и задоволство ни е на престижниот, првпат одржан фестивал, да се учествува и особено да се добијат награди во конкуренција од бројни европски држави. Голема благодарност до организаторот м-р Марија Максимова за организацијата и посветеност на ваков прекрасен и значаен настан што овозможи уживање во класичната музика и можности младите таленти да се претстават и добијат награди за нивните заложби, истакна професорката Лариса Жулина- Митовски. Штип викендов беше домаќин на првиот фестивал за млади пијанисти на кој настапија  прворангираните во различни дисциплини на „Golden Piano Talents“ – онлајн натпреварот што опфати над 300 пијанисти од сите континенти. На двете фестивалски вечери настапија ученици од Велика Британија, Чешка, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора и Албанија, како и од РС Македонија. Организатор на фестивалот „Golden Piano Talents’ e Интернационалното здружение за културен развој и едукација „Арт фест“.






Наградени ученици на Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадарци 2022“

Во организација на здружението „Арт ин орг“ на 28 мај 2022 година се одржа Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадрци 2022“, нашите ученици ги освоија следните награди:

·        Дарија Пешовска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;

·        Теодор Смиљков, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ПРВОТО МЕСТО;

·        Сара Стојановска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;







ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ - КРИВА ПАЛАНКА СО ПРВА НАГРАДА НА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ 2022″ ВО ШТИП 

 На 9 мај годинава ученичката Миа Тренчовска од музичката паралелка од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски успешно настапи на третиот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов 2022″ во Штип и освои прва награда во дисциплината пијано (соло). Фестивалот на млади талентирани музичари е со натпреварувачки карактер и е организиран од страна на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, со поддршка на Министерство за култура.





ОДРЖАН ОПШТИНСКИ И РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ 2022



Одбележување на „Ден на пијаното“ 

во Скопје

Ден на пијаното е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното.
Нашите ученици Леон Јанковски и Теодор Смиљков од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски со прекрасен музички перформанс  успешно го претставија нашето училиште на концертот во Скопје кој се одржа по повод Светскиот ден на пијаното во Културно-информативниот центар во Салон „19:19“, со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат се изведени во земјава.








СВЕТСКИ ДЕН НА ПИЈАНОТО




Пијанистите од нашето училиште од класата  на професорката Лариса Жулина-Митовски денеска го одбележаа 29.март – Меѓународниот ден на пијаното.
Во салата на „Партизан“ денеска беа изведени четири пијано-концерти на кои пред наставниците и своите помали соученици настапија Меглена Георгиева, Ева Јакимовска, Матеј Георгиев, Горјан Николовски, Михаил Митовски, Леон Јанковски, Сара Стојановска и Теодор Смиљков.
Околу 150 ученици од 1-4 одделение, поделени во групи поради ковид-протоколите, уживаа во звуците на пијаното.
„Ден на пијано“ или ден во чест на „кралот на музичките инструменти“ е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното.
Се чествува, како што нотира германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам, еден од основачите на идејата, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни, слушателите”.
Целта на овој ден е да се споделува радост од свирење на пијано, откривњето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното.


















GOLDEN PIANO TALENTS COMPETITION автор: Larisa Mitovski

Младите пијанисти од Македонија постигнаа нов меѓународен успех освојувајќи пет први награди на реномираниот Meѓународен натпревар „Golden piano talents“, организиран од Меѓународната асоцијација за културен развој и образование.


Младите пијанисти од Македонија постигнаа нов меѓународен успех освојувајќи пет први награди на реномираниот Meѓународен натпревар „Golden piano talents“, организиран од Меѓународната асоцијација за културен развој и образование.
Во конкуренција на 360 кандидати од 50 земји од сите континенти на светот, меѓу најдобите музички амбасадори од нашата земја се најдоа  Сара Стојановска, Леон Јанковски, Ева Николова и Теодор Смиљков од Крива Паланка и Војдан Стаменковски од Скопје, кои свират на пијано под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски.
 
„Освоените награди се уште една потврда за талентот, амбиција и посветеноста на младите македонски музички таленти. Учеството и наградите на фестивали и конкурси ги поттикнува да продолжат да работат со со уште поголем интезитет и да постигнуваат се поголеми успеси“, вели Жулина Митовски.
Meѓународен натпревар „Golden piano talents“ промовира висок квалитет на музички изведби од целиот свет. Целта на организацијата е да одржи највисоко меѓународно професионално ниво, да ги инспирира пијанистите и публиката, да обезбеди платформа за
прикажување извонредни пијанисти од целиот свет и да помогне во развојот на нивните кариери.
Секоја пролет, победниците од сите категории ќе бидат поканети да настапат на Големиот свечен концерт во некој од европските градови. Тимот на Меѓународната асоцијација за културен развој и образование одлучи да го организира првиот Голем церемонијален концерт во Македонија, во мај 2022 година, кој ќе биде дел од Фестивалот на пијано „. Golden Piano Festival“- Македонија.




Меѓународен натпревар „GOLDEN PIANO TALENTS COMPETITION 2021“




Се одржа традиционален новогодишен концерт во ООУ „Јоаким Крчовски“

Blue Yellow New Year Party Invitation автор: Larisa Mitovski

Ревијален концерт на Меглена и Матеј Георгиевски се одржа во Крива Паланка










ПРИЗНАНИЈА ЗА НОВИТЕ УСПЕСИ НА МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ И НИВНИТЕ МЕНТОРИ ОД  ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“


Градоначалникот на Oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес во салата на Советот на општината приреди прием и им врачи благодарници на младите музичари и нивните ментори од oсновното музичко училиште при ООУ „Јоаким Крчовски“.
И покрај пандемијата од Ковид 19 и спецификите во одджување на наставата, оваа учебна година за младите музичари од основното музичко училиште од ООУ „Јоаким Крчовски“ беше извонредно плодна и успешна, како за нивните ментори така и за училиштето и општина Крива Паланка.
Тие триумфираа на бројни регионални, државни и меѓународни фестивали, конкурси и натпревари на музички училишта и ни донесоа голем број на дипломи, признанија, награди и пехари.
Во заедничката соработка и поддршка од општината, основното музичко училиште од ООУ „Јоаким Крчовски“, имаше можност да се престави и пред кривопланечката публика по повод Денот на Европа, 9-Мај, како и да реализира концерти во Europe House-Крива Паланка.
По тој повод градоначалникот Мицевски им врачи благодарници и примерок од монографскиот труд „Историја на образованието и просветата во Крива Паланка“ од д-р Јордан Михајловски, а воедно изрази големо задоволство и почит за нивната посветеност и постигнувањето на највисоки резултати и успеси и на учениците и на нивните ментори, професор по пијано, Лариса Жулина-Митовски, професор по хармоника Дејан Ангеловски и професор по солфеж, Марина Станишковска Пешовска.



Во Крива Паланка се одржа концертот „Млади виртуози“ – младите пијанисти учеа од реномирани музички имиња
 

Викендов во Europe House Крива Паланка се одржа концерт насловен како „Млади виртуози". На концертот со свои настапи се претставија младата, талентирана и наградувана пијанистка Инес Неделковска во класа на професорката Нина Костова-Јаневска со изведби на Моцарт, Лист и Брамс и виолинистот Каи Орлинов од соседна Бугарија во придружба од пијанистката Мариаелена Средева, исто така од Бугарија, која е и пијано советник. Каи во придружба на Средева изведе дела од Крејслер, Вијењавски, Сен Санс. Концертот го следеа учениците од музичката паралелка при ООУ „Јоаки Крчовски“ од Крива Паланка, во класа на професорката Лариса Жулина-Митовски. Како што нагласи професорката Жулина-Митовски овој концерт е исклучителна можност за младите пијанисти од Крива Паланка да се запознаат со интернационални, искусни и талентирани изведувачи и да уживаат во нивната музика, но и непосредно да комуницираат, да учат и да се инспирираат од нив. „Музициравме, се дружевме, разменувавме искуства и споделувавме љубов кон класичната музика нешто што сите нас нѐ обединува без разлика од каде потекнуваме и каде твориме. Основците од мојата класа имаа и успешно претставување на пијано за што добија пофални зборови и високи оценки од реномираните професори присутни на концерот“ – вели професорката Жулина-Митовски. 













Честит патрон празникот на училиштето од нашите музички таленти. 

Учениците не поздравија со видеа





































Онлајн настава по предметот пијано











МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ НА 

КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ МЛАДИ 

ПИЈАНИСТИ

4 април 2018

Во конкуренција на седумдесетина учесници од повеќе балкански држави, осумгодишниот Михаил Митовски од Крива Паланка го освои второто место во дисциплина соло-пијано на седмиот Меѓународен натпревар „VIVAPIANO“ што се одржа во Софија. 


Михаил Митовски е дел од класата на проф.Лариса Жулина Митовски, паралелката за основно музичко образование при Oсновно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.

-Успесите не доаѓаат случајно, Михаил и останатите млади музички таленти кои викендов пожнеejа бројни признанија се исклучително посветени, истрајни и силно мотивирани, па оттука и задоволството да се биде ментор на истите. Наградите се само стимул да продолжиме со нови сили кон нови успеси, рече Жулина -Митовски.

Покрај настапите и награди во Софија,  на третиот Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје викендов Леон Јанковски и Теодор Смиљков  го покажаа својот максимум во категоријата дует пијано и освоија прва награда, а наградени за второ место се дуото Ивана и Ивона Петковски.

На 56-от  Регионален натпревар за ученици по музика од основно музичко училиште во организација на музички и балетски педагози, кој се одржа во Скопје на 1 април 2018, учениците од паралелката за основно музичко образование при Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка од истата класа, во дисциплина пијано (соло) освоија високи резултати: Михаил Митовски, Леон Јанковски и Маја Тасевска се првонаградени, додека Сара Стојановска освои втора награда.

Успех и признанија на младите таленти

од Крива Паланка

22 јануари , 2018 година

Во дисциплина пијано (соло):

Михаил Митовски – I награда

Леон Јанковски – II награда

Валерија Митовска – II награда;

Во дисциплина камерна музика / нонет – II награда

  • Бојан Ѓорѓиевски
  • Јан Митовски
  • Давор Цековски
  • Матеј Георгиевски
  • Валерија Митовска
  • Ана Ангеловска
  • Валентина Димитровска
  • Михаела Маџовска
  • Марија Павловска

Во дисциплина камерна музика / трио – II награда

  • Бојан Ѓорѓиевски
  • Јан Митовски
  • Марија Павловска

На учениците им ги честитаме освоените високи места и награди  и им посакуваме големи успеси на идните натпревари.


Голем успех и признанија на младите 

таленти

 од Крива Паланка

22 јануари , 2018

На XXII Меѓународен натпревар „Утринска ѕвезда“ што се одржа на 23 декември во Банско, Р.Бугарија, учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, го потврдија своето високо реноме. Имено, на  овој натпревар учениците освоија една прва награда и златен медал, три втори награди – еден пехар и две сребрени медали и една трета награда и бронзен медал.




МЛАДИ ТАЛЕНТИ ОД КРИВА ПАЛАНКА СО ВРЕДНИ НАГРАДИ НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР

 ЗА КАМЕРНА МУЗИКА

17 ноември 2014

Ученици од нижото музичко училиште при ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, кои ги изучуваат тајните на музиката под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, освоија вредни награди на Меѓународниот натпревар по камерна музика, кој се одржа по 5-ти пат во Кавадарци.



Пригодно одбележан патрон празникот на

ООУ „Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка

22 април 2013 г.





 

ПОКАНА ЗА КОНЦЕРТ НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ ОД

КРИВА ПАЛАНКА 24 јуни 2013


Дневни подготовки       joakimkrcovski47@gmail.com

No comments:

Post a Comment