Награди и признанија














НАГРАДИ / ПРИЗНАНИЈА 2023 ГОДИНА






Награда за најдобро едукативно видео на Мајкрософт филмскиот фестивал





Доделување на признание за успешна соработка по повод првиот роденден на Европската куќа во Крива Паланка



НАГРАДА 2021 ВО ОБЛАСТА НА МУЗИЧКАТА ПЕДАГОГИЈА


Проф. Жулина-Митовски добитничка на награда за повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија





И З В Е С Т У В А Њ Е
За добитници на признанието
Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година

И З В Е С Т У В А Њ Е

За добитници на признанието

Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година



 Врз основа на одредбите на Статутот на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Претседателството на Сојузот, на ден 20.09.2021 година ја донесе следната одлука :

I. Признанието Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година се доделува на следните просветни работници:

  1. Од предучилишното образование- категорија воспитувачи:

  • м-р Љиљана Крстевска, воспитувач од од Градинка “Детска радост”-Скопје и

  • Биљана Лотеска, воспитувач од од Градинка “Детска радост”-Скопје;

  1. Од основното образование:

а) категорија одделенска настава:

- м-р Весна Недановска, одделенски наставник од ООУ “11 Октомври” – Скопје и

- Анета Велкоска, одделенски наставник од ООУ “Брраќа Миладиновци” Скопје,

б) категорија предметна настава

- м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик од ООУ “Владо Тасевски”, Скопје и

- Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ“Јоаким Крчоски” - Крива Паланка;

  1. Од средното образование,

- м-р Стојан Манолев професор по физика од СОУ “Гоце Делчев” – Валандово;


  1. Од просветните работници од стручни служби на различни нивоа:

а) средно образование

  - Валентина Костовска – Дамчевска училишен педагог од ДСМУ “Др. Панче Караѓозов” – Скопје

б ) од предучилишно образование

- Елизабета Симоновска, педагог во ОЈУДГ “Астибо” – Штип.


II. Признание за конкретни достигнувања во воспитно -образовниот процес за учебната 2020/2021 година

Со оглед на специфичноста на перидот во кој се наоѓаме предизвикан од пандемијата од ковид-19, а ценејќи го ангажманот на сите кандидати, на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија, со цел да бидат на соодветен начин наградени и кандидатите кои не добиваат Признание за просветен работник на годината, а согласно нивните приложени професионални референци, Сојузот на просветните работници на РС Македонија, додели и две (2 ) дополнителни Признанија за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес, на кандидатите за учебната 2020/2021 година :

Од основно образование- одделенска настава

1.Весна Гагалоска, од ООУ “Тодор Ангелевски” – Битола , наставник по одделенска настава, за остварени резултати во менторство на учениците во натпревари на сите можни нивоа( општинско, регионално, државно и меѓународно ниво) во основно образование и

2. Хилда Димитиревска, од ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово, наставник по одделенска настава, за учество на едукативни семинари и добиени сертификати и дисеминации во основно образование.


Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот, по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот распишан од ден 16.06.2021 година, каде сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2020/2021 година, објавено на веб страница на Сојузот и според Правилникот за доделување на награди , признанија и пофалници на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија.


За дополнителни информации контакт лице :

Лидија Н.Георгиевска тел. 078-835-500 e-mail : sojuznaprosvetnirabotnici@gmail.com 


20, септември, 2021 г.

С к о п ј е


Сојуз на просветни работници

на Република Северна Македонија

Претседател,

Лидија Николовска-Георгиевска


Уште едно успешно претставување на училишниот оркестар при ООУ „Јоаким Крчовски“ на Меѓународен фестивал


Награди и признанија 2022 година

 

 

No comments:

Post a Comment