Учество во активности за подобрување на воспитно-образовната работа



Успешно реализиран Новогодишен концерт

 

Во пријатна и свечена атмосфера, на 18 декември 2025 година (четврток) со почеток во 17:00 часот, во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка успешно се реализираше Новогодишниот концерт.

 На концертот настапија ученици од класите на професорите Лариса Жулина-Митовски, Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и Марјан Бошковски, кои со голема посветеност и љубов кон музиката се претставија пред публиката. Нивните изведби беа доказ за континуираната и квалитетна работа, како и за вложениот труд во текот на првото полугодие.

 Упатуваме искрена благодарност до наставниците за нивната професионалност, трпение и несебична посветеност во подготовката на учениците. Посебна благодарност и до родителите, кои со своето присуство и поддршка придонесоа концертот да биде исполнет со топлина, радост и празничен дух.

 Новогодишниот концерт уште еднаш покажа дека музиката е силна врска меѓу училиштето, учениците и семејствата и дека преку уметноста се градат трајни вредности.

На сите ученици, наставници и родители им ги честитаме претстојните празници и им посакуваме среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, радост и нови музички доживувања! 🎶




Македонска и Албанска традиција: Патување низ културата и наследството  Откријте го богатството на две соседни балкански култури


🎉 Квиз-игра „Детски права“ – учиме и се забавуваме!

По повод Детската недела, учениците од VIII одделение при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка имаа можност да се вклучат во забавен и поучен Kahoot квиз на тема детски права. Целта на играта беше да ги поттикнеме учениците да ги запознаат своите права, да ги разберат основните принципи за безбедност, образование, здравје и учество во општеството, но и да се забавуваат во исто време.

Квизот се состоеше од 10 прашања со четири одговори, при што секое прашање им даваше можност на учениците да размислуваат, дискутираат и учествуваат активно. На овој начин учениците учеа низ игра, се мотивираа едни со други и зајакнаа чувство на заедништво и почитување на правата на секое дете.

Оваа интерактивна активност не само што ги збогати нивните знаења за детските права, туку создаде и атмосфера на соработка, радост и позитивна енергија во училницата.

🌐 Пробајте го квизот и вие на следниот линк: Kahoot квиз – Детски права


10.10.2025 година



Меѓународниот ден на музиката одбележан со настан во Европската куќа Крива Паланка

  • Со настан во организација на ментор Лариса Жулина Митовски, професорка по музичко, во Европската куќа Крива Паланка беше одбележан 1 Октомври, Меѓународниот ден на музиката.

  • -Музиката е јазик што сите го разбираме, нè поврзува, инспирира и ни го прави светот поубав. По повод вчерашниот меѓународен ден на музиката, учениците од нашето училиште подготвија презентација за историјата на празникот, како и интересни факти и цитати за музиката. Се запознаа и со музичката карта за движење, која претставува одлична интерактивна алатка за учениците, бидејќи на забавен и креативен начин им овозможува да ја доживеат музиката преку движење и игра. Во рамките на настанот учениците одржаа мини - концерт, свиреа и пееја заедно, создавајќи атмосфера исполнета со радост и хармонија, информира професорката Жулина - Митовски, наставник - ментор во основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски" во Крива Паланка.

    Викендов што измина, наставници од ООУ „Св.Јоаким Крчовски" учествуваа на „Едуконференција 2025" во Струга, која обедини повеќе од 350 наставници и експерти од областа на образованието и технологијата, каде имаа можност да присуствуваат на предавања од меѓународни и локални експерти за вештачка интелигенција, како и на презентации што ја нагласуваат нејзината практична примена во наставата.

    Конференцијата со наслов „Unlocking AI: Innovate, Integrate, Inspire!“ беше организирана од Невладината организација „Пријатели на образованието“, со институционална поддршка од Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово и други педагошки факултети од земјава. ид/дма/

Среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици! by Larisa Zhulina Mitovski

 Креативен проект Родниот крај од поинаков агол“ 

Родниот крај од поинаков агол“ – креативен проект со силна публика и емоции Во рамките на Годишната програма за работа на НУ Центар за култура, денес се реализира проектот „Родниот крај од поинаков агол“, кој привлече многубројна публика. Настанот беше вистинска прослава на младинскиот креативен дух, каде млади ликовни и музички таленти се претставија со свои изведби. Под стручно менторство на Лариса Жулина Митовски и Лазо Георгиевски, младите учесници успеаја да предизвикаат силни емоции кај присутните, кои ги наградија со искрени и долготрајни аплаузи. Публиката уживаше во уметнички дела и музички настапи кои го прикажаа родниот крај на еден свеж, инспиративен и поинаков начин. Проектот уште еднаш ја потврди важноста од вложување во младите уметници и нивното активно вклучување во културниот живот на заедницата.





Придобивки од продолжениот престој за учениците by Larisa Zhulina Mitovski

🎷 30 април – Светски ден на џезот 🎶

По повод Светскиот ден на џезот, учениците од нашето училиште се запознаа со историјата, карактеристиките и најпознатите претставници на џез музиката. Изработија едукативна презентација и учествуваа во интерактивен Kahoot квиз, преку кој ги проверија и проширија своите знаења.

Придружете ни се и вие – решете го квизот на следниот линк:

👉 Реши го квизот https://edushare.ing/pj
30 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЏЕЗОТ by Larisa Zhulina Mitovski

✨ Работилници по повод 8 Март – 

Денот на жената✨ 

Во нашето училиште со радост го одбележавме 8 Март преку креативни и едукативни работилници. Учениците:
 🎨 Изработуваа честитки и уметнички творби 
📖 Истражуваа за значајни жени низ историјата 
💬 Дискутираа за родовата еднаквост и улогата на жените во општеството 
 Преку овие активности ја изразивме нашата почит и благодарност кон сите жени во нашите животи.
 🔗 Погледнете повеќе во нашиот дигитален флипбук:  https://anyflip.com/wxrnw/tzij/
Светски денови во март. by Valerija Mitovska
28- ми февруари- Светски Ден на Ретки болести by Larisa Mitovski
Ден за побезбеден интернет 11 февруари 2025 година by Larisa Mitovski
26 јануари- Светски ден за едукација за заштита на животна средина by Larisa Mitovski
Бадникова поворка-2025 во Крива Паланка by Larisa Mitovski
Известување за родители и ученици by Larisa Mitovski
by Larisa Mitovski
Работилница: Човековите права се учат и низ онлајн игра by Larisa Mitovski



ОПШТИНСКИ НОВОГОДИШЕН НАТПРЕВАР во ФУТСАЛ, КОШАРКА и ЗАБАВЕН УЧИЛИШЕН СПОРТ by Larisa Mitovski











Музичка работилница-МИО активности


Учениците од нашето училиште заедно со учениците од училиштето партнер „Јероним Де Рада“ од с. Черкези учествуваа на музичка работилница под наслов „Остави го таблетот, посети ја детската музичка работилница“, која се одржа на 29.11.2024 година во Europe House Крива Паланка.

Работилницата започна со едукативна сесија, каде што учениците слушаа за историјата на музиката и инспиративните приказни на големите композитори како Лудвиг ван Бетовен и Јохан Себастијан Бах. 

По едукативниот дел, учесниците креативно изработуваа музички инструменти од различни материјали, комбинирајќи уметност и практичност. Додека се создаваа инструментите, на пијано свиреа учениците од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски. Атмосферата беше дополнета со настап на хорот на професорката Шермин Мемеди-Ајдини, кој ја воодушеви публиката со својот репертоар.

Оваа работилница уште еднаш покажа дека музиката има моќ да инспирира и да ги поттикне младите да ја заменат технологијата со активности што ја поттикнуваат нивната креативност.











                          
Светскиот ден на детето by Larisa Mitovski
Ден за хранење на птиците by Larisa Mitovski






Climate Action Project




No comments:

Post a Comment