Професионален развој/ Обуки

Работилница на тема: Учество во проектот ,,Код за иднината - Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“ by Larisa Zhulina Mitovski

Работилница за одделенски наставници – професионално учење и иновации во наставата 



 На 24 декември 2025 година во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, се реализираше работилница за одделенски наставници, во организација на Тимот за професионален и кариерен развој. 

Работилницата беше посветена на споделување современи пристапи, дигитални алатки и проектни искуства кои придонесуваат за поквалитетна, поинтерактивна и одржлива настава. 

Агенда на работилницата: 

  • Дисеминација на вебинарот „Моќта на вештачката интелигенција: Интерактивни лекции со Curipod“ – примери за практична примена на вештачката интелигенција во наставата; 
  • Пополнување формулар за применета активност и стекнување сертификат за знаења од реализираниот вебинар; 
  • Дисеминација на проектни активности во рамките на Еразмус+ проектот „Green Agripreneurship of Future“ – примери од реализација и можности за интеграција во наставата.
  • Презентација на процесот за најава и сертификација на платформата Agripreneurship.kids. 

Работилницата ја реализираа наставниците Лариса Жулина-Митовски и Габриела Стојановска, кои преку јасни насоки и практични примери поттикнаа активна дискусија и размена на искуства меѓу наставниците.

 Со вакви активности училиштето континуирано покажува посветеност кон професионалниот развој на наставниците, унапредување на дигиталните компетенции и активно вклучување во европски образовни иницијативи.









24.12.2025 Работилница за одделенски наставници by Larisa Zhulina Mitovski

Второ издание на „Даскалско кафе“: Игра, дигитални алатки и инспирација за поиновативна настава 



 На 11.11.2025 година, во Европската куќа – Крива Паланка се одржа второто „Даскалско кафе“ на тема Интерактивни методи за активни ученици, организирано од Клубот на наставници. Настанот го модерираше наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.

Наставниците разменуваа идеи и се запознаа со дигитални алатки кои поттикнуваат учење преку игра, соработка и активна вклученост. Посебна вредност на средбата беше желбата на учесниците да воведат нови методи и да ја направат наставата подинамична и поинтересна. Сите си заминаа со практични алатки и нова мотивација.

Поради големиот интерес, средбата беше повторена — јасна потврда дека наставниците имаат потреба од вакви инспиративни професионални дружења.

На „Даскалското кафе“ учествуваа наставници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“, ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Ранковце, ООУ „Христијан Карпош“ од с. Младо Нагоричане и СОУ „Ѓорче Петров“.

📸 Фотографии од настанот:

https://photos.app.goo.gl/5yDc5rKJfSuoJ3xj6








Интерактивни методи за активни ученици – првото „Даскалско кафе“ во Крива Паланка  



На 28.10.2025 година, во Европската куќа – Крива Паланка се одржа првото „Даскалско кафе“ на тема Интерактивни методи за активни ученици, организирано од Клубот на наставници. Настанот го модерираше наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.

 Околу 25 наставници од основните и средните училишта од Крива Паланка и Ранковце споделија креативни идеи и добри практики за примена на играта и интерактивните алатки во наставата. Преку примери со „WordWall“, „LearningApps“ и „Kahoot“, учесниците дискутираа како активноста, соработката и креативноста кај учениците можат да се поттикнат на едноставен и инспиративен начин. Настанот ги обедини наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“, ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ и СОУ „Ѓорче Петров“, покажувајќи дека иновативната настава се гради преку споделување и соработка. Следната средба ќе биде посветена на дигиталните алатки и креативната мотивација на учениците. Преку „Даскалско кафе“, наставниците поставуваат нови стандарди во професионалниот развој и училишната заедница.

📸 Фотографии од настанот:
https://photos.app.goo.gl/g4jhNF23bDXdSDG67

Следната средба ќе биде посветена на дигиталните алатки и креативната мотивација на учениците. Преку „Даскалско кафе“, наставниците поставуваат нови стандарди во професионалниот развој и училишната заедница.






Сценарио за час по предметот: Историја и општество Одделенски наставник: Сања Петровска, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка by Larisa Zhulina Mitovski

Работилница за наставници: „Професионален развој и стручни активности“



На 9 октомври 2025 година, наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно учествуваа на стручна и инспиративна работилница посветена на професионалниот развој и важноста на меѓусебната поддршка и соработка меѓу колегите.

Работилницата ја водеше наставничката Лариса Жулина-Митовски, која со своето излагање ги поттикна наставниците на дискусија, размена на идеи и планирање на идни активности.

Темите опфатија:

☑️ Членување во Здружението на одделенски наставници – ЗОН

☑️ Учество на 2-рата конференција „Менталното здравје кај децата и младите“

☑️ Одбележување на светски денови

☑️ Активности во рамки на EU Code Week

☑️ Подготовка за настанот „Даскалско кафе“ во Europe House Крива Паланка

✨ Работилницата ја постигна својата цел, нагласувајќи дека успешниот професионален развој се темели на заедничко учење, размена на искуства, идеи и меѓусебна поддршка меѓу наставниците.

Работилница за наставници: „Професионален развој и стручни активности“

На 9 октомври 2025 година, наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно учествуваа на стручна и инспиративна работилница посветена на професионалниот развој и важноста на меѓусебната поддршка и соработка меѓу колегите.

Работилницата ја водеше наставничката Лариса Жулина-Митовски, која со своето излагање ги поттикна наставниците на дискусија, размена на идеи и планирање на идни активности.

Темите опфатија:

☑️ Членување во Здружението на одделенски наставници – ЗОН

☑️ Учество на 2-рата конференција „Менталното здравје кај децата и младите“

☑️ Одбележување на светски денови

☑️ Активности во рамки на EU Code Week

☑️ Подготовка за настанот „Даскалско кафе“ во Europe House Крива Паланка

✨ Работилницата ја постигна својата цел, нагласувајќи дека успешниот професионален развој се темели на заедничко учење, размена на искуства, идеи и меѓусебна поддршка меѓу наставниците.


































Работилница за наставници 09.10.2025 by Larisa Zhulina Mitovski





Обука на тема „Наставата по музичко образование и учениците со аутизам“

На 29 септември 2025 година во Скопје се одржа обука на тема „Наставата по музичко образование и учениците со аутизам“, во организација на здружението „Сина светулка“.

Главен фокус на обуката беше иновативната музичка платформа AutisMUSIC, наменета за поддршка на децата со аутизам, во која учествуваше и нашето училиште.

Преку пристапот „учење насочено кон детето“, музичките активности како пеење, ритам, свирење на различни инструменти, танц и комуникациски вежби овозможуваат секое дете активно да учествува и да ги развива своите емоции, мотивација и социјални вештини.

AutisMUSIC ја поддржува инклузијата и овозможува наставниците да користат иновативни стратегии за подобрување на процесот на учење кај децата со доцнење и пречки во развојот.

Одговорен наставник: Лариса Жулина-Митовски

Повеќе информации за проектот AutisMUSIC може да најдете овде: https://autismusic.eu/




https://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/Mak_jazik_3.pdf https://quizizz.com/admin/quiz/61ddc6485fde82001d89709b/jazik-treto-oddelenie?source=search-result-page&page=search-result-page&arid=12dbd768-9395-40a5-92c6-7175adefac90&apos=-1&term=%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA+3+%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5 https://quizizz.com/admin/quiz/5e74a02ec24b4d001bb1d39c/makedonski-jazik?source=search-result-page&page=search-result-page&arid=12dbd768-9395-40a5-92c6-7175adefac90&apos=-1&term=%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA+3+%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5 https://quizizz.com/admin/quiz/5e80c3e352286e001be65100/kolku-znam-po-makedonski-jazik?source=search-result-page&page=search-result-page&arid=12dbd768-9395-40a5-92c6-7175adefac90&apos=-1&term=%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA+3+%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5
Учество на вебинари и завршена обука TruthTech Медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција by Larisa Zhulina Mitovski

NotebookLM претставува извонредна и корисна алатка, дури и кога подготвуваме подкасти на македонски јазик.Во продолжение споделувам пример за подкаст што го изработив за наставниот предмет по Музичко образование за VI одделение од обична скрипта. ЛИНК: https://edushare.ing/w6


Digipad е онлајн алатка што им овозможува на наставниците и учениците да соработуваат во реално време преку дигитална површина. Се користи за: споделување идеи (слично на виртуелна табла), поставување мултимедијални содржини (слики, видеа, линкови), дискусии, решавање задачи. 
 🎯 Најпозната е алатката Digipad од платформата La Digitale (ladigitale.dev) – бесплатна, француска платформа за наставници која нуди алатки за дигитална педагогија. 
Пример: Наставникот креира digipad за час по музика, каде учениците поставуваат видеа од класична музика, аудио-клипови и пишуваат коментари.

Кратенки на тастатурата што треба да ги знаеме! 💻 by Valerija Mitovska

Како се разликуваат Студија на случај и Акциско истражување?

Студија на случај и Акциско истражување се два различни истражувачки пристапи, иако понекогаш може да изгледаат слични. Еве како се разликуваат:

Студија на случај

  • Цел: Студиите на случај се користат за длабинско истражување на еден или повеќе случаи во природниот контекст. Тие ги истражуваат специфични настани, феномени, или групи, и се фокусираат на детално разбирање на конкретни ситуации.
  • Метод: Студијата на случај обично користи различни методи на собирање податоци, како што се интервјуа, набљудувања и анализа на документи. Истражувањето може да биде квалитативно или комбинирано со квантитативни податоци.
  • Применливост: Често се користи за анализирање на комплексни прашања во конкретни контексти (на пример, проблеми во образованието, здравството или бизнисот), за да се извлечат поуки или да се претстави длабоко разбирање за некоја ситуација.

Акциско истражување

  • Цел: Акциското истражување има за цел да ја подобри праксата преку активно учество на истражувачите и учесниците. Главната цел е да се решат проблеми во реалниот живот, додека истовремено се спроведува истражувачки процес.
  • Метод: Овој пристап обично е цикличен и инклузивен, со постојано вклучување на учесниците во процесот на анализа и акција. Податоците се собираат, анализираат и се користат за да се поддржи решавање на конкретен проблем, што доведува до постојани подобрувања.
  • Применливост: Често се користи во образованието, социјалната работа или бизнисот, каде што истражувачите и учесниците работат заедно за да подобрат некоја пракса или процес.

Клучни разлики:

  • Фокус: Студијата на случај обично се фокусира на длабинско разбирање на еден случај или ситуација, додека акциското истражување е фокусирано на решавање на конкретен проблем преку инклузивен и практичен процес.
  • Методологија: Студијата на случај користи повеќе методи за собирање податоци, додека акциското истражување е циклично, вклучувајќи постојано прегледување и дејствување.
  • Цел: Студијата на случај се стреми кон теоретско разбирање, додека акциското истражување се стреми кон практични решенија и подобрување на ситуацијата.

Двете имаат своја примена во истражувачката пракса, но со различни цели и пристапи

 


Интерактивни методи на наставата by Larisa Mitovski

Работилница за наставници

На 16 јануари 2025 година, во нашето училиште се одржа работилница за наставници, под менторство на наставничката Лариса Жулина-Митовски. Работилницата беше наменета за унапредување на наставните методи и техники.

Главни цели и теми на работилницата:

Прирачник за примена на нови наставни техники

Наставниците се запознаа со современи наставни техники кои поттикнуваат креативност и интерактивност во училницата. Беа споделени конкретни примери и ресурси за примена во наставата.

Збирка на наставни практики

Учесниците дискутираа за успешни наставни практики од своето искуство, кои потоа ќе бидат дел од збирка достапна за членовите на ЗОН – УЧИТЕЛ.

Повик за наставници: Клуб на наставници 2025

Беше претставен повикот за приклучување кон Клубот на наставници 2025 – иницијатива за размена на идеи, искуства и колаборации меѓу наставниците.

Зачленување и обнова на членството во Здружението на одделенски наставници (ЗОН – УЧИТЕЛ)

Беше поттикнато зачленувањето и обновата на членството во ЗОН – УЧИТЕЛ, кое нуди пристап до ресурси, настани и поддршка за професионален развој.

Користење на дигитални алатки во наставата

Дел од работилницата беше посветен на дигитални алатки, со акцент на „Wheel of Names“ (Тркало на имиња). Алатката беше демонстрирана како начин за избор на ученици, активности и теми, заради зголемување на ангажираноста на учениците.

Работилницата овозможи размена на идеи и искуства меѓу наставниците.

Благодарност до менторот Лариса Жулина-Митовски и учесниците за успешната реализација на настанот.

Наставниците се покануваат да се приклучат кон Клубот на наставници 2025 и ЗОН – УЧИТЕЛ. За повеќе информации, посетете го следниот линк: линк.

         Работилница за наставници 16.01.2025 година
Учество на вебинари и завршена обука TruthTech Медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција by Larisa Mitovski

30.04.2024 година

Медиумската писменост Онлајн средби by Larisa Mitovski

Материјали од обуката за медиумска писменост „Младите размислуваат“ 








20.03.2024 


Водич за медиумска писменост

Прашања кои се користат за анализа на различни медиуми, вклучувајќи социјални медиуми, веб-локации, вести и весници, филмови, телевизија, слики, реклами и алатки за пишување со вештачка интелигенција, кои се фокусираат и на содржината во преден план, но и на позадината на секој медиум.

https://view.genial.ly/65bd93a58bcaea0014baef14/interactive-image-vodich-za-mediumska-pismenost





ОДРЖАНА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ „МЛАДИТЕ РАЗМИСЛУВААТ“



Во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка на 26.02.2024  и  27.02.2024 година се одржа дводневна обука за Медиумска писменост „Младите размислуваат“ како дел од USAID проект на Министерството за образование и наука. Обуката беше реализирана во соработка со Бирото за развој на образованието за одделенски наставници и наставници по македонски јазик.

На обуката присуствуваа 42 наставници од нашето училиште. Наставниците ги споделија своите досегашни искуства и стекнаа нови знаења за медиумската писменост.

На обукита беа презентирани различни сегменти од медиумската писменост кои за учениците се предвидени во наставните програми по мајчин јазик во основното образование. Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди; предизвици и опасности на социјалните медиуми; пристапи поврзани со проверка и верификација на информации и содржини, како и анализа на содржини и креирање на медиумски продукти.

 Обучувачите - советник по македонски јазик Сања Димитриевиќ и наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски.




Совети за медиумска писменост by Larisa Mitovski
Недела на информатиката 2024 by Larisa Mitovski Кампања „Читаме гласно - говориме јасно". by Larisa Mitovski
Инспиративна порака за наставниците: by Larisa Mitovski

Ресурси за поддршка на наставата поврзана со теми од медиумската писменост by Larisa Mitovski
„Добро проверено“ - онлајн курс за медиумска писменост by Larisa Mitovski
Логички тест by Larisa Mitovski
Алатки и линкови за справување со дезинформации, тролови и ботови by Larisa Mitovski


Обуки за медиумска писменост наменети за наставници од основни училишта



Од 18 септември 2023 година Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници (1-5то одделение) и наставниците по мајчин јазик од 6-9 одделение во основното образование. Обуките ќе траат до крајот на март 2024 и  ќе ги опфатат сите основни училишта во државата, а нивната реализација веќе се одвива на македонски, албански и турски јазик. Преку поддршката на проектот, во овие 6 месеци, ќе се реализираат над 250 обуки и ќе се обучат над 8.500 наставници низ целата држава.




Работилница за наставници

На 31 август се одржа работилница за наставници за изработка на личниот план за професионален развој на наставниците, кој  состaвен од три дела: планирање на професионален развој, реализација на професионален развој и согледувања и препорака за реализацијата на личниот план.

Настанот беше насловен „Работилница за формата и содржината на личниот план за професионален развој на наставниците“, и истиот се реализира како дел дел од предвидените активности на Тимот за професионален и кариерен развој.





 Обука за медиумска писменост за наставници и советници - обучувачи, организирана од Македонскиот институт за медиуми, ИРЕКС и Бирото за развој на образованието. Целта на оваа обука е да се обучат тимови обучувачи кои во текот на учебната година 2023-2024 ќе спроведуваат обуки за колегите-наставници во основните училишта низ целата држава. 

30 август 2023 година (среда) во хотелот „Дабл три – Хилтон“  во Скопје

10-те основни комуникациски вештини by Larisa Mitovski

Материјали за програмата бр. 24 by Larisa Mitovski


      Место на одржување на обуката: ООУ „Крсте Мисирков" - Куманово
     Обучувач: Лариса Жулина-Митовски




   Место на одржување на обуката: ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош"-     Ранковце 
   Обучувач: Лариса Жулина-Митовски




Место на одржување на обуката: ООУ „Кочо Рацин" - Куманово
Обучувач: Лариса Жулина-Митовски


 

   Место на одржување на обукатаООУ „Христијан Карпош" - Куманово
   Обучувач: Лариса Жулина-Митовски


             Место на одржување на обуката: ООУ „Вук Караџиќ" - Куманово 

           


Корисни алатки за наставата
Корисни алатки за наставата by Larisa Mitovski






СЦЕНАРИО ЗА НАСТАВЕН ЧАС СО ПРИМЕНА НА МОДЕЛОТ „ПРЕВРТЕНА УЧИЛНИЦА“



Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата

МАТЕРИЈАЛИ ЗА НАСТАВНИЦИ 



           Работилница  „Модерни приоди и креативни решенија
за реализација на  програмата по музичко образование за прво одделение

04.05.2023 година 

Активности за соработка со наставниците од прво одделение во врска со унапредување на наставата по музичко образование.






 



                             ГИТАРА



Математиката е универзален јазик што опишува се штопостои околу нас. Математиката е во основата наприродните науки но истовременоцрпе инспирација од нив. Многу често некои математички откритија им претходелена различните технолошки иновации, а математичките идеи се користат за развојотна секое научно поле. Научниицте долго време користат математика за да гиопишат физичките својства на универзумот. Додека некои научници тврдат декасамиот универзум е математика вклучувајќи ги и човечките суштетства. Денесматематиката поставува нови стандарди на современиот начин на живеење. Ние смесвесни за присутноста на математиката во нашето секојдневие, но често и неуспеваме да ја користиме правилно. Технолошките достигнувања, компјутерите,интернетот, медиумите, музиката- во основата содржат математика.

Математика во музиката автор: Larisa Mitovski

Применетата математика е гранка од математиката која исто така се занимава со математичките методи кои наоѓат примена во препознавањето на ефектите од влијанието на климатските промени.

Колку често ние сето ова го вклучуваме во училница?

Најважниот образовен период од нашиот живот е на возраст од 4-15 години. Во овој период учениците создават механизам за учење, градат знаења и развиваат вештини.

Што е тоа што ние го работиме на полето за подобрување на математичките вештини кај учениците ќе го презентираме на работилницата:„Математика за сите“

















Музичко предавање
„Употреба на педалите во интерпретација на пијано“
во  Музичко - балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ – Скопје. Предавач:проф.д-р Милица Шкариќ Музичка Академија Угд Штип
24.02.2023 година











Дневник за работа на наставникот-ментор Лариса Жулина-Митовски



Работилници за наставници од I-V одделение за користење на смарт табла во наставата



Презентација:

 „Користење на смарт табла  во наставата“





Реализирани обуки за наставници

ПОДРАЧЈЕ II: ПОУЧУВАЊЕ И УЧЕЊЕ

Реализација на наставата

Програма 12: Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата

Обуката е органзирана од страна на Бирото за развоj на образованието и провајдерот Академија ЦЕС

Обучувач: Лариса Жулина-Митовски



3-4.11.2022 година






7-8.11.2022 година






Игра за развој на психомоториката и општата координација автор: Larisa Mitovski

Е-УЧЕБНИЦИ

Практични примери Сценарија за часови Предлози за реализација на часови






Повеќе од 60 наставници од ООУ ,,Јоаким Крчовски"-Крива Паланка, „ООУ Илинден“-Крива Паланка, ООУ "Кочо Рацин"-Кратово и ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош’-Ранковце, на 12 и 13 мај 2022  учествува на обуката за медиумска писменост. Обуката ја организира МИМ и ИРЕКС во соработка со МОН и БРО, како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменостМладите размислуваат

Обуката за наставници ја водеа  наставници ментори и советници во Бирото за развој на образованието. Учесниците на обуката се запознаа со концептотУчиме да распознаваме“, со методолошките пристапи и различни содржини поврзани со медиумската писменост, како што се промените во медиумската сфера, дезинформации, проверка на информации, анализа на медиумска содржина, говор на омраза, и конструирање претстави преку медиумите

Во вториот дел од обуката за медиумска писменост наставниците имаа и практична работа во групи, каде што наставниците подготвуваат сценарија за реализирање часови по медиумска писменост за второ и петто одделение на теми од наставната програма.









Uploading: 12279 of 12279 bytes uploaded.


Попис на докази за исполнетоста на професионалните стандарди за наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски




НАГРАДА ЗА ЗНАЧАЈНИ ПОСТИГНУВАЊА ВО МУЗИЧКАТА ПЕДАГОГИЈА ЗА ПРОФ. ЛАРИСА ЖУЛИНА-МИТОВСКИ ОД КРИВА ПАЛАНКА












МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА








ЕДУИНО ВЕБИНАРИ:






„Превртена училница – концепт, стратегии и потребни ресурси за спроведувањe“









„Превртена училница – концепт, стратегии и потребни ресурси за спроведувањe“











Креирање на интерактивни ресурси за хибридна и асинхрона настава за предучилишно и основно образование






Дизајнерско размислување (design thinking) како наставен метод за ученици од основно образование




Креативно учење преку игра





Kако да се воведат Целите за одржлив развој во наставата - практични примери и активности

Плакат за промоција на Целите за одржлив развој автор: Larisa Mitovski

Ранг листа на кандидати за званье наставник-ментор по општини


Сертификати од одржаните вебинари
         јуни 2021 година







Извештај за реализирани активности на наставникот-ментор Лариса Жулина-Митовски за учебната 2022 / 2023 година ООУ „Св.Јоаким Крчовски“-Крива Паланка


Извештај за реализирани активности  на  наставникот-ментор Лариса Жулина-Митовски за учебната 2021 / 2022 година ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка Период: од 01.09.2021 до  31.08.2022


К О Л Е К Т И В Е Н  Д О Г О В О Р  ЗА  ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПЕТОЛИНИЕ

Насоки за планирање, организација и реализација на наставата од 1. до 6. одделение во основното образование во учебната 2023/24 година




КОНЦЕПЦИЈАЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2021 

Концепција за ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ во основното образование СКОПЈЕ, 2020





Извештај за работата  на  наставникот-ментор Лариса Жулина-Митовски


Принт 22.08.2023\


No comments:

Post a Comment