Исклучителен успех на натпреварот по пијано во Италија 

Учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски, остварија блескав успех на престижниот International Piano Competition Franz Liszt – 10° Edizione, кој се одржа во Гротамаре, Италија.
Овој меѓународен натпревар, посветен на името, делото и значењето на големиот композитор и пијанист Франц Лист, собира талентирани млади пијанисти од целиот свет.
Нашите ученици постигнаа извонредни резултати и достојно го претставија училиштето, градот и нашата држава:
УНА ЗЛАТАНОВСКА – ПРВА НАГРАДА (Category A)
МИХАИЛ МИТРОВСКИ – ТРЕТА НАГРАДА (Category A)
КАТЈА ТРЕНЧОВСКА – ТРЕТА НАГРАДА (Category B)
МЕГЛЕНА ГЕОРГИЕВА – ТРЕТА НАГРАДА (Category B)
Овој успех претставува големо признание за трудот, талентот и посветеноста на учениците, како и за професионалниот и инспиративен педагошки пристап на наставникот.
Честитки за сите натпреварувачи! Продолжете да блескате и да ја ширите љубовта кон музиката!
https://www.facebook.com/share/p/17b4DADRRy/
#ProudOfOurStudents #FranzLisztCompetition #MusicSuccess #KrivaPalanka #StJoakimKrcovski
🎶 Голем успех за нашите млади музичари! 🏆🥈
🎻✨ Посебно признание заслужува и Михаил Митровски, ученик од класата на проф. Жулина-Митовски, кој во категоријата пијано-соло го освои второто место. Неговиот настап беше оценет како технички прецизен и инспиративен. Фестивалот обедини талентирани музичари од најмалку пет земји:
- Република Бугарија
- Република Северна Македонија (претставници од Крива Паланка, Крушево, Гевгелија, Кавадарци, Скопје, Радовиш и Струмица)
- Украина
- Грција
- Индонезија.
Организаторите истакнаа дека фестивалот „Утринска ѕвезда“ станува сè попопуларен во Бугарија и надвор од неа. Тој не е само натпревар – туку модерен модел на уметнички фестивал, со широк спектар на дисциплини, иновативен систем на гласање со вклучување на публиката, инклузивност за сите возрасти и професионален пристап кој поставува нови стандарди во уметничките настани.
Упатуваме искрени честитки до сите учесници, до нивниот ментор и до родителите кои го поддржуваат талентот и развојот на учениците. Овој успех претставува силен поттик за понатамошно унапредување на музичката култура и уметност во нашето училиште.
🎼🌟 Продолжуваме да создаваме музика, успех и инспирација.
🔗Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк: https://utrinnazvezda.com/event/mfi-bansko-2024/#i-4
Прва награда за нашиот оркестар на Државниот натпревар
Денес, 14.05.2025 година, нашите музичари блеснаа на сцената на Македонската филхармонија!
На Државниот натпревар по оркестар, кој се одржа токму таму, нашиот оркестар, под менторство на наставничката Лариса Жулина-Митовски, ја освои првата награда. ![]()
Горди сме на овој голем успех — честитки до сите учесници!
Им посакуваме уште поголеми успеси и на меѓународната сцена! ![]()
![]()
Второ место на државниот натпревар по музичко образование
Нина Николовска, ученичка во IX одделение во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, освои втора награда (86 поени) на државниот натпревар по вокална интерпретација, под менторство на Лариса Жулина-Митовски.
Натпреварот беше реализиран во организација на Здружението на музички педагози на Република Македонија (ЗМПРМ) и се одржа во Свети Николе.
Искрени честитки до Нина за постигнатиот извонреден резултат и достојното претставување на училиштето!
Регионален натпревар по музичко образование 2024-2025
На Регионалниот натпревар по музичко образование, во категоријата вокални интерпретатори, нашите ученици постигнаа извонредни резултати:
Нина Николовска (IX-3) – I награда
со освоени 98 поени
Софија Младеновска (VI-4) – I награда
со освоени 94 поени
Ина Николовска (V-4) – I награда
со освоени 94 поени
Нина Николовска се пласира на Државниот натпревар!
Училишниот оркестар – I награда
со освоени максимални 100 поени
Државниот натпревар ќе се одржи на 15 мај во Македонската филхармонија, Скопје.
Ментор: Лариса Жулина-Митовски
Натпревар по информатичко размислување
Учество на Meѓународен натпревар „Art in“- 2024 во Кавадарци |
Учество на Meѓународен натпревар на мали пијанисти - 2024 во музичка школа ''Стеван Мокрањац''- Врање, Србија

Натпревар за „Убаво пишување на нотен текст“ by Larisa Mitovski
На 20 мај 2024 година по повод чествувањето на нашиот Патрон празник во
просториите на училиштето се одржа натпревар
за „Убаво пишување на нотен текст“. На натреварот учество зедоа 21 ученик од I
до VIII одделение од музичката паралелка. Иницијатор и
координатор на натпреварот е наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски.
Комисијата во состав: Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и
Марјан Бошковски го
спроведоа тестирањето и по прегледаните тестови ги објавија следниве резултати:
Во прва категорија (ученици од I одделение)
·
Првото
место го освои Никола Ѓоргиевски
· Второто место припадна на Ања Спасевска
·
Третото
место припадна на Јован Јосимовски
Во втора категорија (ученици од II одделение)
·
Првото
место го освои Талија Пешовска
· Второто место припадна на Анамарија Златковска
·
Третото
место припадна на Катина Марковска
Во трета категорија (ученици од III одделение)
·
Првото
место го освои Петар Стаменковски
·
Второто
место припадна на Константин Митовски
·
Третото
место припадна на Давор Ангеловски
Во четврта категорија (ученици од IV одделение)
·
Првото
место го освои Дамјан Гогев
·
Второто
место го освои на Јована Стаменковска
Во петтата категорија (ученици од V одделение)
· Првото
место го поделија Миа Тренчовска, Дарија Пешовска и Меглена Георгиева
Во шеста категорија (ученици од VI одделение)
·
Првото
место го освои Матеј Георгиев
Во осма категорија (ученици од VIII одделение)
· Првото место го освои Михаил Митовски
Им честитаме и им се заблагодаруваме на добитниците и на сите што зедоа учество на овој натпревар.Се гледаме повторно следната година!
Прво место за оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка на државниот натпревар
На државниот натпревар за училишни хорови и оркестри, кој се одржа во организација на Здружението на музички педагози од Македонија (ЗМП) на 11.мај во Скопје, оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски го освои првото место.
Учениците од училишниот оркестар секоја година освојуваат први места и високи признанија во областа на оркестарот и инструменталната музика. Нивната посветена работа и љубовта кон музиката не остануваат непрепознаени и секогаш, без исклучок, се наградени!
Честитки за сите учесници на оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и за нивната менторка Лариса Жулина-Митовски и нека продолжат да ја шират љубовта низ звуците на музиката!






No comments:
Post a Comment