Friday, October 23, 2020

МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ ОД КРИВА ПАЛАНКА СО ВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ НА ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ФЕСТИВАЛ


Фестивалот се одржа во Музејот на македонската борба, а одложен беше од месец мај поради пандемијата со Ковид-19. Овој фестивал го организира Рускиот центар „Озарение“, со пoддршка на Амбасадата на Руската федерација во РС Македонија, претставништвото на „Россотрудничество” и Државното единствено претпријатие „Московски центар за меѓународна соработка“.
На фестивалот учествуваа детски креативни групи и изведувачи од повеќе градови од Република Северна Македонија натпреварувајќи се во четири номинации: рецитирање, поезија, музичко и ликовно творештво, како и пишување состав на тема „Писмо до мојот прадедо војник“, а моите ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка, на кои сум особено горда, настапија во категоријата музички творештво, кадешто освоија први места. Горјан Николовски настапи на пијано, соло категорија, каде е првопласиран во конкуренција од 7 до 12 години, а прва награда освои и инструментално трио во состав: Горјан Николовски, Константин Давидовски и Леон Јанковски, во номинација ансамбли и оркестри, изјави професорката Лариса Жулина-Митовски, под чиешто менторство се подготвуваа и настапија учениците.

Фестивалот воодушеви со многустраниот талент на младите љубители на рускиот јазик и младите музичари.

No comments:

Post a Comment