Wednesday, May 29, 2024

 

Три први награди на XII Meѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

На 27 март 2024 година младите талентирани музичари од Крива Паланка учествуваа на XII Meѓународен натпревар за камерна музика во организациjа на ООМБУ ,,Лазо Мицев – Рале” – Кавадарци, под покровителство на Општина Кавадарци и поддржан од Министерството за Култура и Министерството за образование и наука.
Учесниците од Крива Паланка ги покажаа своите знаења во две категории, со своите изведби оставија незаборавен впечаток кај жири – комисиjата и се закитија со три први награди.

Во категориjата ,,четирирачно пиjано” Матеј и Меглена Георгиеви од класата на наставник Лариса Жулина-Митовски освоија прва награда (97,2 бодови). Во категориjата „камерни оркестри“ училишниот оркестар при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка освои прва награда (99 бодови) и оркестарот при НУ Центар за култура Крива Паланка освои прва награда (97.3 бодови).

-Честитки до моите ученици кои освоија први награди на меѓународниот натпревар по камерна музика-КМК. Горда сум на вас и ви посакувам во иднина безброј вакви награди и успеси! Овие натпревари создаваат платформа за размена на идеи и искуства меѓу младите музичари, го поддржуваат нивниот креативен развој и го поттикнуваат интересот за камерната музика. Секоја изведба на натпреварот е прилика за изразување на индивидуалноста на учесниците, како и за споделување на своите емоции и интерпретации со публиката.
Камерната музика претставува важен дел од класичната музичка традиција и култура, па натпреварите по камерна музика допринесуваат за нејзиното зачувување и прославување. Овие настани имаат значајна улога во поддршката на младите музичари и развој како професионални уметници во областа на класичната музика, порача професорката Лариса Жулина Митовски.

Со ова, натпреварите по камерна музика имаат за цел да ги вовлечат учесниците во високо квалитетни музички изведби, да ги образоваат и воспитаат во уметноста на камерната музика, и да ја прослават и почитуваат нејзината значајна улога во музичката сцена и културата во целост.
Цели и задачи натпреварот по камерна музика се:
рангирање според постигањата на учениците;
откривање на талентирани ученици
размена на педагошко искуство

No comments:

Post a Comment