Две први места на Регионалниот натпревар по музичко образование
Учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски учествуваа на регионалниот натпревар по музичко образование во категоријата по предметот оркестар и во категоријата вокална интерпретација.
Oсвоија две први места! Училишниот оркестар го освои 1-то место со 98 поени и ученичката Нина Николовска од VIII одделение во категоријата вокална интерпретација го освои 1-то место со 96 поени.
Натпреварувањето училишниот оркестар ќе го продолжи на државниот натпревар кој ќе се одржи на 11 мај 2024 година во основното училиште „Јохан Хајнриј Песталоци“ во Скопје, а учениците во категоријата вокална интерпретација ќе се натпреваруваат на 15 мај во Кино салата на Центарот за култура во Прилеп. Им посакуваме многу успех и во иднина!
Натпреварот го организираше Здружението на музички педагози на Република С.Македонија.
Сите учесници ќе добијат дипломи и пригодни награди според постигнатите резултати:
до 60 поени – Диплома за учество
од 61 до 75 поени – Трета награда
од 76 до 90 поени – Втора награда
од 91 – 100 поени – Прва награда
Според Лариса Жулина-Митовски, наставник по музичко образование, овој натпревар ја прикажува работата и постигнувањата на музички план во основните и средните училишта во сите региони, ја подобрува комуникацијата и дружењето меѓу учениците и ја засилува љубовта кон музиката кај младите воопшто. Учениците имаат можност да ги покажат своите вештини и да развиваат своите таленти.
No comments:
Post a Comment