Tuesday, March 29, 2022



Одбележување на „Ден на пијаното“ 

во Скопје

Ден на пијаното е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното. Нашите ученици Леон Јанковски и Теодор Смиљков од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски со прекрасен музички перформанс  успешно го претставија нашето училиште на концертот во Скопје кој се одржа по повод Светскиот ден на пијаното во Културно-информативниот центар во Салон „19:19“, со промоција на нови звуци, композиции од светски познати композитори, кои за првпат се изведени во земјава. Настанот се одбележува по шести пат кај нас, се одржува во организација на м-р Светлана Димитриевска, професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. 






Во кривопалнечкото училиште „Јоаким Крчовски“ одбележан Светскиот ден на пијаното



Пијанистите од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски денеска го одбележаа 29.март – меѓународниот ден на пијаното.

Околу 150 ученици од 1-4 одделение, поделени во групи поради ковид-протоколите, уживаа во звуците на пијаното.

„Ден на пијано“ или ден во чест на „кралот на музичките инструменти“ е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното.

Се чествува, како што нотира германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам, еден од основачите на идејата, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни, слушателите”.

Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, откривњето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното, со цел славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници, сплотен со радоста и убавината која ја носат и другите уметности.

No comments:

Post a Comment