Tuesday, April 13, 2021

 








КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ МЛАДИ ПИЈАНИСТИ НАГРАДЕНИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО УКРАИНА


Учениците од музичката паралелка на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ , Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија две гран–при, четири први и две втори награди во различни возрасни категории на Интернационалниот онлајн музички натпревар „Soul“, одржан онлајн во Украина.

Настапите ги оценуваше интернационална  жири-комисија од реномирани професори и пијанисти од САД, Турција, Украина, Узбекистан, Палестина, Швајцарија и Холандија.

-Натпреварот е во организација на Меѓународната добротворна фондација „Сонјашњук“, Украина. Овие успеси на нашите млади музичари се од големо значење за нашето училиште и за поттикнување на младите таленти да свират пијано и да ја изучуваат музичката теорија. Им честитам на наградените и посакувам да продолжат понатаму во нижењето успеси и во претставувањето на училиштето и на општината, изјави Жулина- Митовски.

Професорката упати благодарност до родителите за нивната посветеност, поддршката и  грижата за секојдневните потреби на учениците, неопходни за постигнување значајни резултати.

Ова е прв фестивалски настап на пијанистите од Крива Паланка во 2021 година, но нивната работа беше наградена во повеќе наврати минатата година на неколку интернационални настани. Музичарите од училишниот оркестарот и пианистите од класата на Жулина-Митовски ја заокружија 2020 година со успешните настапи на Меѓународниот фестивал, „Пијанофест 2020″, Битола.

Во март претстојат повеќе активности, меѓу кои настап по повод денот на жената, 8 Март,  во “Europe House” Крива Паланка, како и учество на „Пијано ден” фестивалот во Скопје.

No comments:

Post a Comment