Thursday, October 14, 2021

 Проф. Жулина Митовски од Крива Паланка е „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година


Професорката по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, Лариса Жулина Митовски, е добитник на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година, кое го доделува Сојузот на просветни работници, по повод Светскиот ден на учителите и наставниците - 5-ти Октомври.

Таа е меѓу 11-те најдобри наставници, професори и воспитувачи од основните и средни училишта, како и од градинките, кои се добитници на плакета и признание за посветената работа и благородната мисија во унапредувањето на воспитувањето-образовниот процес во државата. 

Жулина Митовски е еден од двајцата професори во државата кои го добиваат признанието во категоријата предметна настава.

 

„Ова престижно признание има големо значење за мене како педагог и професор, кој пронаоѓа сатисфакција во успехот на учениците. Но, исто така, вреднувањето на мојот труд ме мотивира и понатаму да продолжам активно да работам, да ги едуцирам и да ја развивам креативноста кај младите. Пред се, да им ја пренесам љубовта кон музиката, да ги откријам и развијам нивните таленти и да ги насочам да бидат успешни личности, истакна Лариса Жулина Митовски во своето обраќање на доделувањето на наградите во Сојузот на просветни работници во Скопје.

 

 


Жулина Митовски пред неколку години беше прогласена и за најдобар просветен работник во Крива Паланка, а за својата работа досега има добиено бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Исто така и нејзините ученици се секогаш меѓу најдобрите и најнаградуваните.

No comments:

Post a Comment