Wednesday, August 21, 2019

Лариса Жулина – Митовски, најуспешен просветен работник во учебната 2017/18 година во Крива Паланка


Манифестација „Млади Европејци-Европа на Балканот“ во Крива Паланка

18/12/2018

Манифестација „Млади Европејци-Европа на Балканот” се одржа вечерва во Градскиот музеј во Крива Паланка, во организација на Европската филмска, театарска и танцова академија. 



На настанот беше промовирана преобјавената книга со мисли и цитати од Жан Моне, „Европа-нашето заеднички дом”, презентирана е изложбата „Европа овде-Европа таму”, а беше претставен и краткиот филм „Мојот Европски идентитет”.

На манифестацијата настапи и градскиот оркестар „Алегро” под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски.


3 декември 2018

Со освоено високо второ место на престижниот Меѓународен натпревар на уметноста „Morning star“ во Банско, Р.Бугарија, Градскиот оркестар „Алегро“ ги заокружи активностите од проектот, кој во изминатите 7 месеци беше финансиски поддржан од Oпштина Крива Паланка.



Во голема и силна конкуренција, младите инструменталисти од Градскиот оркестар ги освоија симпатиите на публиката, но и на реномираното меѓународно жири, кое ни ја додели втората награда.

 – Презадоволна сум од резултатите и од настапот, посочи проф. Лариса Жулина – Митовски, раководител на оркестарот.

Ова е само уште еден од низата успеси, кои во изминатиот период ги постигна Градскиот оркестар „Алегро“. Со неговото формирање, пред 7 месеци, младите таленти добија можност да стекнат и да развијат музички вештини, како што се запознавање со инструменти, успешно музицирање, синхронизиран настап во група, самоувереност и настап на сцена. Нивниот музички квалитет го потврдуваат бројните настапи, награди и признанија, што сведочат за втемелувањето и подемот на музичката култура кај младите кривопаланечки музичари.

Формирањето и успешното функционирање на Градскиот оркестар во изминатиот период, покажа дека  Крива Паланка има бројни придобивки од овој музички формат.

 



                                        30 октомври 2018



Градскиот оркестар „Алегро“ од Крива Паланка, под раководство на проф. Лариса Жулина-Митовски, доби уште една потврда за својата посветеност и креативност на полето на музичката уметност, како и за афирмацијата на општината.

 



Младите музичари од „Алегро“ настапија  на Детскиот креативен фестивал „Ние зборуваме руски“, кој се одржа на 27 октомври во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, каде ја освоија втората награда, во конкуренција на млади уметници од повеќе градови од Македонија и од Германија.

Фестивалот е во организација на здружението „Озарение“, со поддршка на Руската амбасада во РМ, Московскиот центар за меѓународна соработка и други институции. Целта на оваа манифестација е запознавање на руската култура и зголемување на интересот за изучување на рускиот јазик.

Низата признанија и награди, кои ги освои во изминатиот период Градскиот оркестар „Алегро“, докажуваат дека проектот за негово функционирање, финансиски поддржан од Општина Крива Паланка, е од големо значење за развивање на музичката култура кај младите и нејзина промоција на државно и меѓународно ниво

-Правиме напори секаде каде настапуваме да ја претставиме Крива Паланка во најдобро светло, како Општина која вложува во своите млади кадри и им овоможува развој на нивните таленти. Истовремено, и родителите се многу горди на своите деца и им заблагодаруваме на нивната огромна поддршка. Задоволство е да се работи на правилното насочување на децата и креативното изразување на нивните капацитети и таленти, вели Лариса Жулина-Митовски.



30 октомври 2018


На 26.10.2018 година, пред платото на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, членки на клубовите на пензионерки кои функционираат во рамките на организациите на Црвен крст  од Крива Паланка и Ќустендил, реализираа настан насловен како „Македонско –бугарска трпеза за заедничка дебата“.


На настанот се дебатираше, се читаше поезија, се готвеше и учесниците се дружеа под знамето на хуманоста, придонесувајќи кон практична афирмација и реализација на пристапот на активно и здраво стареење, промовиран од страна на Светската здравствена организација.

Душите и срцата на присутните во текот на целиот настан ги милуваа звуците од музичките инструменти на учениците под раководство на проф. Лариса Жулина - Митoвски.      





18 јуни 2018


На 10 јуни 2018 година се одржа Меѓународниот натпревар за класична музика „Арт-ин Велес“, во организација на здружението „Арт ин орг“ од Кавадарци, на кој учестуваа околу 250 натпреварувачи од повеќе земји на Балканот, и тоа од Македонија, БиХ, Хрватска, Србија и Црна Гора. Учесниците се натпреваруваа на  сите класични инструменти, а најмногу на клавир-околу 90 пријавени. Меѓународниот натпревар „Арт ин Велес“ е  формиран со цел да се развива културниот и образовниот живот, преку соработка и дружење на деца и возрасни музичари, односно уметници од целиот свет.

Градскиот оркестар „АЛЕГРО“- Крива Паланка доби Меѓународна специјална награда со освоени максимални 100 поени.

Стручното жири и публиката беа воодушевени од блескавиот настап на младите музичари од Крива Паланка.


ГОЛЕМ УСПЕХ И ПРИЗНАНИЈА НА
 МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ ОД КРИВА ПАЛАНКА



No comments:

Post a Comment