Wednesday, August 21, 2019

Лариса Жулина – Митовски, најуспешен просветен работник во учебната 2017/18 година во Крива Паланка



На свечена академија по повод Денот на просветителите – 24 мај, во Крива Паланка  беше доделено признанието – Најуспешен просветен работник во учебната 2017/18 година.  Добитник на високото признание е професорката по музичко од ООУ „Јоаким Крчовски“,  Лариса Жулина –Митовски.

ЛАРИСА ЖУЛИНА – МИТОВСКИ НАЈУСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК ВО ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА ВО КРИВА ПАЛАНКА






         


Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје
04.04.2018 година



МЕЃУНАРОДНИ УСПЕСИ НА КРИВОПАЛАНЕЧКИТЕ МЛАДИ ПИЈАНИСТИ

4 април 2018

Во конкуренција на седумдесетина учесници од повеќе балкански држави, осумгодишниот Михаил Митовски од Крива Паланка го освои второто место во дисциплина соло-пијано на седмиот Меѓународен натпревар „VIVAPIANO“ што се одржа во Софија. 


Михаил Митовски е дел од класата на проф.Лариса Жулина Митовски, паралелката за основно музичко образование при Oсновно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.

-Успесите не доаѓаат случајно, Михаил и останатите млади музички таленти кои викендов пожнеejа бројни признанија се исклучително посветени, истрајни и силно мотивирани, па оттука и задоволството да се биде ментор на истите. Наградите се само стимул да продолжиме со нови сили кон нови успеси, рече Жулина -Митовски.

Покрај настапите и награди во Софија,  на третиот Меѓународен натпревар „Полихимниа“ во Скопје викендов Леон Јанковски и Теодор Смиљков  го покажаа својот максимум во категоријата дует пијано и освоија прва награда, а наградени за второ место се дуото Ивана и Ивона Петковски.

На 56-от  Регионален натпревар за ученици по музика од основно музичко училиште во организација на музички и балетски педагози, кој се одржа во Скопје на 1 април 2018, учениците од паралелката за основно музичко образование при Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка од истата класа, во дисциплина пијано (соло) освоија високи резултати: Михаил Митовски, Леон Јанковски и Маја Тасевска се првонаградени, додека Сара Стојановска освои втора награда.


Успех и признанија на младите таленти

од Крива Паланка

22 јануари , 2018 година

Во дисциплина пијано (соло):

Михаил Митовски – I награда

Леон Јанковски – II награда

Валерија Митовска – II награда;

Во дисциплина камерна музика / нонет – II награда

  • Бојан Ѓорѓиевски
  • Јан Митовски
  • Давор Цековски
  • Матеј Георгиевски
  • Валерија Митовска
  • Ана Ангеловска
  • Валентина Димитровска
  • Михаела Маџовска
  • Марија Павловска

Во дисциплина камерна музика / трио – II награда

  • Бојан Ѓорѓиевски
  • Јан Митовски
  • Марија Павловска

На учениците им ги честитаме освоените високи места и награди  и им посакуваме големи успеси на идните натпревари.


Голем успех и признанија на младите таленти

 од Крива Паланка

22 јануари , 2018

На XXII Меѓународен натпревар „Утринска ѕвезда“ што се одржа на 23 декември во Банско, Р.Бугарија, учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, го потврдија своето високо реноме. Имено, на  овој натпревар учениците освоија една прва награда и златен медал, три втори награди – еден пехар и две сребрени медали и една трета награда и бронзен медал.


КОНЦЕРТ НА ВАСО РИСТОВ И НАТАША ТРБОЈЕВИЌ ВО КРИВА ПАЛАНКА

28 декември 2017

Кривопаланечката јавност имаше можност да присуствува на концерт на проф. Васо Ристов, на труба  и м-р Наташа Трбојевиќ на пијано во соработка професорката по музичко Лариса Жулина-Митовски, под чијашто диригентска палка работи оркестарот.








МЛАДИ ТАЛЕНТИ ОД КРИВА ПАЛАНКА СО ВРЕДНИ НАГРАДИ НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР

 ЗА КАМЕРНА МУЗИКА

17 ноември 2014

Ученици од нижото музичко училиште при ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, кои ги изучуваат тајните на музиката под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, освоија вредни награди на Меѓународниот натпревар по камерна музика, кој се одржа по 5-ти пат во Кавадарци.





Пригодно одбележан патрон празникот на

ООУ „Јоаким Крчовски“ - Крива Паланка

22 април 2013 г.




ОДБЕЛЕЖАНА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА ВО ГРАДИНКАТА „ДЕТЕЛИНКА“ 10 октомври 2012

На 5 октомври е одбележана  Детската недела во рамките на „Светскиот ден на детето“, кој се одбележува овој месец во сите земји на светот. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на ОН од 1989 година. Традиционално и оваа година учениците од ООУ„Јоаким Крчовски“, под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, организираа концерт за децата и родителите на детската градинка „Детелинка“од Крива Паланка.

СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН 8 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КРИВА ПАЛАНКА

8 октомври 2012



ПОБЕДА НА ОРКЕСТАРОТ ОД ООУ „ИЛИНДЕН“

22 мај 2012




ПОБЕДНИЧКИ И НОМИНИРАНИ ВИДЕА НА

ПРВИОТ МИКРОСОФТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Април 25, 2012 година




ДВЕ НАГРАДИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА НА МАЈКРОСОФТ ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ

24 април 2012







     ФЕСТИВАЛ НА ЕСЕНТА ВО СКОПЈЕ









No comments:

Post a Comment